Министерот за економија Крешник Бектеши во открива дека дури 70 отсто од компаниите кои користеа субвенционирана струја од државата не ги намалиле цените на прехранбените производи.
Тој во гостувањето во емисијата „Економски магазин“ на Алсат која ќе се емитува вечерва од 22.30 часот вели дека во најава се парични казни, но и затворање на некои од овие фирмите.
– Според прелиминарните податоци, значителен дел на компаниите кои се над 250 и кои ја користат мерката за субвенционирање на електрична енергија, речиси над 60-70% не ја почитувале истата одлука и ги држат истите цени споредено со ноември пред да влезе во сила одлуката за субвенционирање на електрична енергија. Затоа, Министерството за економија по завршување на месецот, тоа што го најавивме, ќе предложи до Владата да донесе одлука за укинување на оваа мерка. Поради несовесните газди, сега и оние кои ги почитувале правилата ќе плаќаат поскапа струја затоа што Владата им ја укинува помошта – рече Бектеши.