Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 629 тестови, а регистрирани се 70 нови случаи на ковид-19: Скопје– 51, Прилеп– 9, Битола и Куманово– по 3, Охрид– 2, Тетово и Кавадарци– по 1.
„Од вкупниот број на позитивни (70), регистрирани се 18 реинфекции. Регистрирани сe 60 оздравени пациенти од: Скопје – 51, Велес и Штип – по 2, Битола, Охрид, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 2.176.205 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.585, бројот на оздравени пациенти е 333.707, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 327“, се вели во соопштението.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: