Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 7 јануари 2023 година (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед.
Во главниот град Скопје, uтре (06.01.2023) поради најавено одржување на настан за одбележување на Бадник во Скопје, од 10 часот сè до завршување на настанот, за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајниците околу соборниот храм “Св.Климент Охридски” и тоа од објектот на Пошта на РСМ до крстосницата кај Соборниот храм и од крстосницата кај Соборниот храм до зградата на Владата на РСМ.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќајот на на околните сообраќајници. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.