Вчера (04.04.2023) во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани биле 68 возачи. Од нив, 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 24 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.