60 авиони ќе бидат вклучени во воената вежба на НАТО – „Steadfast Noon“, која ќе трае до четврток следната недела. Во воените вежби се вклучени модерни борбени авиони, но и авиони за надзор и танкер, како и бомбардери Б-52 со долг дострел.
– НАТО ги започна своите годишни воени вежби со нуклеарно оружје – потврди денеска за ДПА портпаролот на западната одбранбена Алијанса.
Оваа година маневрите се одвиваат главно во воздушниот простор над Италија, Хрватска и Медитеранот. Учествуваат вкупно 13 членки на Алијансата.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг минатата недела изјави дека руската војна против Украина е потсетник за важната улога на нуклеарното оружје за одвраќање.
-Иако се работи за рутинска вежба за обука, маневрите ќе помогнат да се обезбеди кредибилитет, ефективност и безбедност на нуклеарното одвраќање – истакна Столтенберг.