More

    Кој се плаши дека нема да биде „топло пречекан“?

    spot_img

    Кралскиот дописник на Би-Би-Си, Николас Вичел, рече дека Меган Маркл не отпатувала во Балморал со нејзиниот сопруг, принцот Хари, поради стравувањата дека нема да биде „топло пречекана“ од другите членови на кралското семејство. Според новинарот Омид Скоби, од оваа причина не само Меган, туку и Кејт Мидлтон останува со своите деца во Виндзор. Наводно, од фамилијата ѝ рекле да остане дома, за да се ублажи тоа што Меган не е присутна.

    Зошто Меган не доаѓа? Британските медиуми велат дека тоа е „промена на планот“ во последен момент. Хари и Меган првично рекоа дека ќе отпатуваат за Шкотска заедно околу 13.38 часот, околу еден час откако кралското семејство објави дека лекарите се „загрижени“ за здравјето на кралицата.

    Сепак, околу 16 и 30 часот, извори блиски до парот им кажале на новинарите дека Меган нема да патува со сопругот во Балморал. Ова подоцна го потврди и новинарот Омид Скоби, кој се смета за близок до двојката.

    Истовремено, не е јасно дали на Меган ѝ било речено да се држи настрана, или пак самата решила да не доаѓа. Но, извори блиски до парот велат дека таа подоцна би можела да му се придружи на Хари во Шкотска на погребот на кралицата. Меѓу другото, Меган го пропушти погребот на принцот Филип во 2021 година бидејќи беше бремена со нејзината ќерка Лилибет.

    Лилибет го доби своето име по надимак што самата кралица го имала кога била малечка. Во јуни годинава Хари и Меган беа да се видат со кралицата за таа да ја запознае својата внука. Тоа беше последниот пат тие да се видат со неа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img