511 новозаболени лица, две лица се починати

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 511 новозаболени лица, две лица се починати, а како оздравни се водат 264 пациенти.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 1.489 тестови, а регистрирани се нови 511 случаи на ковид-19 од Скопје – 276, Куманово, Кавадaрци и Охрид – по 27, Велес – 23, Битола – 22, Тетово – 17, Прилеп – 15, Штип – 13, Струмица и Кочани – по 12, Радовиш и Делчево – по 6, Гостивар, Струга, Гевгелија и Неготино – по 4, Крива Паланка – 3, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 2, Берово, Валандово и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (511), регистрирани се 129 реинфекции.

Регистрирани сe 264 оздравени пациенти од Скопје – 149, Охрид – 15, Кавадарци и Битола – по 12, Куманово – 11, Тетово – 9, Велес – 8, Прилеп, Струмица и Гостивар – по 6, Штип и Неготино – по 5, Кочани – 4, Гевгелија – 3, Струга, Крива Паланка и Пробиштип – по 2, Делчево, Ресен, Богданци, Кичево, Дебар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (72 и 88), едното лице е починато во болнички услови, а другото лице во домашни услови. Лицата се починати на ден 05.07.2022.

Направени се 1.489 тестови преку: ИЈЗ-251, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-24, ЦЈЗ Прилеп-21, ЦЈЗ Тетово-41, ЦЈЗ Куманово-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–136, Жан Митрев (Филип Втори)-25, Авицена-52, Биотек-107, Систина-42, лабораторија Лаор-11, Синлаб-3, Ремедика-11, Плодност-7, Генеа-16, Никоб Лаб-66, ВФВ Медикал-6, Ели МедикаПлус-7, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 538.

Досега во земјата се направени вкупно 2.092.192 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.729, бројот на оздравени пациенти е 305.503, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 1.889.

Share This Article