Генералштабот на вооружените сили на Украина објави нови податоци за проценетите руски воени загуби од почетокот на инвазијата на 24 февруари.
Од почетокот на војната загинале 43.750 руски војници, што е за 200 повеќе од вчера, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Уништени се 1.876 тенкови, 4.141 вооружени борбени возила, 985 артилериски системи, 261 MLRS и 136 системи за противвоздушна војна.
Украина тврди и дека се уништени 233 авиони и 195 хеликоптери.
Вооружените сили на Украина наведуваат дека руските војници вчера претрпеле најголеми загуби во правец на Доњецк.