50 почесни конзули се спремни да ѝ помогнат на државата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Почесните конзули во Македонија, педесетина на број, се спремни да ги позајмат своите дипломатски возила за потребите на Министерството за надворешни работи (МНР) за време на конференцијата на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје.

МНР за оваа конференција веќе потпиша договор од 920.000 евра со рента-кар агенција.

Еден од почесните конзули во Македонија во изјава за порталот МКД вели дека сите негови колеги се подготвени на еден ваков чекор и тоа би го направиле заедно со нивните возачи кои во тој период би биле на располагање за потребите на МНР.

– Би ги дале нашите возила кои се и полуксузни и порепрезентативни од оние што ќе се добијат од рента-кар агенцијата. Нашите возила се со дипломатски регистерски таблички, а на располагање би ги ставиле и нашите возачи. Освен тоа, секоја амбасада во Македонија секогаш ги опслужува своите министри кои ќе бидат на самитот. Значи има конструкција – изјавил конзулот кој инсистирал да остане анонимен.

Тендерот на МНР за изнајмување на возила за потребите на самитот на ОБСЕ го доби фирмата „АБЦ рента кар турс“. Она што е индикативно во податоците е договорената цена за изнајмување за едно возило која е за два до три пати повисока од регуларната цена на пазарот. За потребите на самитот на ОБСЕ е предвидено да се изнајмат минимум 35 ВИП патнички возила за осум дена по просечна цена од 550 за едно возило евра со пресметан данок.

За мини ван со осум седишта МНР ќе плаќа 19.200 денари за еден ден без ДДВ, а пазарната цена 10.200 денари на ден. И тука бројката на изнајмени вакви возила е 35. Обично, за изнајмување на поголем број возила се добива попуст, а во овој случај е обратно.

Во ценовникот на АБЦ пишува дека нивното најскапо возило (ауди А4) за изнајмување од 7 до 13 дена дневно чини 296 евра, а МНР за исто такво возило со истата фирма склучи договор за речиси двојно повеќе.

Share This Article