More

    5 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ЧИНИ ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО ОБСЕ

    spot_img

    Претседавањето со ОБСЕ земјава ќе ја чини 5 милиони евра. Владата овие пари ги одобрила и ги обезбедила во Буџетот, иако МНР барало 8 милиони евра. Само за пиар активности за претседавањето, според последниот тендер, ќе се потрошат 100.000 евра.

    Министерот за надворешни работи Бујар Осамни на денешната средба со новинарите информира дека за активностите поврзани со одржување на годишниот Министерски совет на ОБСЕ треба да се преадаптира и догради салата „Борис Трајковски“ како и да се обезбедат 70 возила со кои треба да се возат министрите на тој собир, за што всушност се потребни најголем дел од парите.

    Тој рече дека ќе се гледа трошоците да се сведат на минимум, а возилата да се обезбедат со спонзори.

    Во однос на износот од 100.000 евра, што на тендер ги доби агенцијата „Рејтинг“, рече дека не се за пиар поврзан со претседавањето, туку дека со нив ќе се платат трошоци за организирање на Министерскиот совет, што не можат да го прават кадри на МНР.
    -Тоа не се пари за пи-ар. Претседавањето со ОБСЕ ќе заврши со најголемата конференција која било кога е организирана во Македонија. Над 70 министри за надворешни работи ќе дојдат тука. Ние немаме ни соодветен објект во кој може да се организира тој настан, но решивме дека со соодветни доградувања може да се одржи во салата „Борис Трајковски“. Ние немаме ни доволно возила да ги превеземе всоките гости и сега бараме начини како да го организираме тоа. Придобивките од претседавањето се поголеми од овие трошоци и во оваа голема инвестиција сме влегле свесно бидејќи е голема промоција за државата – рече Османи.

    Тој појасни дека каако претседавачи со ОБСЕ влегуваме со мотото „Се работи за луѓето” (It’s about people), бидејќи на крајот луѓето се големите конзументи и корисници на сето тоа што ние го правиме во политиката, истакна денеска на брифигот со новинарите шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

    -Во политиката ние некогаш сметајќи дека се занимаваме со голема политика, со големи иницијативи, со големи интереси, забораваме дека на било која позиција, дали на нашите национални влади, меѓународни организации, остануваме да делуваме цел ден за луѓето, за да се намали страдањето на луѓето пред се во конфликтните региони, за да се олесни на луѓето, за да може да се интегрираат, да се рехаблитираат. Имајќи го предвид ова наше искуство, преку нашата ОБСЕ мисија, сметавме дека ако некој знае што значи улогата на ОБСЕ на терен и нејзините инструменти – тоа сме ние. И затоа рековме дека пораката што ќе ја испратиме преку нашето претседавање е преку тие состаноци на Постојаниот совет во Виена е дека „да, вие мислите дека правите голема политика, но на крајот луѓето се големите корисници на сето тоа што ние го правиме – рече Османи.

    Тој подвлече дека за нас како претседавачи на ОБСЕ е важно што како мала земја во тежок период што ја има првата мисија на ОБСЕ за да спречи конфликт, за да рехабилитира постконфликтно е мисија што уште е активна. Тој нагласи дека денес созреваме во земја што може да ја води и да ја предводи целата организација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img