457 нови случаи на ковид-19, починати се 9 лица

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во последните 24 часа согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 2.730 тестови, а регистрирани се 457 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни,  регистрирани се 74 реинфекции.

Досега во земјата се направени вкупно 1.896.139 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.195, бројот на оздравени пациенти е 285.907, на починати е 9.036 а бројот на активни случаи изнесува 3.252.

Како што соопштија од Министерството за здравство, од новите случаи во Скопје се 246, Велес 25, Битола 24, Прилеп 22, Тетово, Кавадарци и Ресен по 17, Куманово 15, Гостивар и Гевгелија по 10, Штип 7, Охрид и Свети Николе по 6, Струмица, Кичево, Неготино и Крива Паланка по 5, Кочани 3, Струга, Пробиштип, Кратово и Демир Капија по двајца,  Дебар,  Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран по еден.

Регистриран сe 447 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се шест починати лица: двајца починати лица од Скопје (76г и 80г) и по едно починато лице од Крива Паланка (64г), Радовиш (82г), Прилеп (75г), и Тетово (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица од: Скопје (2),  Велес (1). Починатите лица се на возраст од 71г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 22.02. до 25.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во домашни услови, а две лица  се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај девет лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.730 тестови преку: ИЈЗ-359, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-34, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-86, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–126, Жан Митрев (Филип Втори)-66, Авицена-69, Биотек-85, Систина-56, лабораторија Лаор-104, Синлаб-15, Ремедика-19, Плодност-22, Генеа-7, Никоб Лаб-189, ВФВ Медикал-53, Ели Медика-21, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-11, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.194.

Share This Article