45-годишен маж извлечен од под рушевините по 278 часа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По повеќе од 278 часа по првичнот силен земјотрес во провинцијата Хатај денеска беше извлечен 45-годишен маж.

Хакан Јасиноглу беше пронајден од тимовите за пребарување и спасување жив под урнатините во областа Дефне, во уште едно чудесно спасување 11 дена по двојниот земјотрес што го потресе регионот.

Веднаш бил пренесен во најблиската болница.

 

 

Утрово медиумите јавија дека дванаесетгодишно дете беше спасено од урнатините на зграда во Антакија, во провинцијата Хатај, 260 часа по разорните земјотреси.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени на 6 февруари во јужна Турција погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 провинции.

Досега во Турција загинаа над 38.000 луѓе, десетици илјади се повредени, а повеќе од 13 милиони луѓе се погодени од разорните земјотреси.

Share This Article