400.000 евра плус бонус од 50.000 евра за оние кои ќе го напуштат Фолксваген

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германскиот производител на автомобили Фолксваген започнува тригодишна програма за штедење која треба да ја зголеми нејзината профитабилност. Во неа се предвидува да се  намали бројот на работници со високи отпремнини кои можат да изнесуваат повеќе од 400.000 евра, со дополнителен бонус од 50.000 евра, за оние кои ќе прифатат веднаш да заминат од компанијата.

Најниската можна отпремнина е 17.700 евра и важи за сите кои биле вработени во Фолксваген до 5 години, а највисока можна отпремнина од 404.700 евра се нуди за работниците кои биле вработени во Фолксваген најмалку 20 години и кои се на највисоко ниво на плата, пишува германскиот економски неделник Wirschaftswohe.

Дополнително, компанијата нуди дополнителен бонус од 50.000 евра, кој важи за сите кои се во Фолксваген повеќе од 5 години и ја прифаќаат понудата за отпремнина во рок од 2 недели. На отпремнината се применува принципот на двојна согласност, што значи дека и компанијата и вработениот мора да се согласат со тоа.

Непознато е какви услови ќе важат за менаџерите, но германскиот весник наведува дека отпремнината во овој случај ќе биде уште поголема.

Share This Article