Во текот на второто полувреме од вчерашниот првенствен фудбалски натпревар помеѓу екипите на Вардар од Брвеница и Беса од Челопек, незадоволни од донесената судиска одлука, четириесетина навивачи и резервни играчи на Беса влегле на теренот и се обиделе физички да се пресметаат со судиите и делегатот на натпреварот.Со интервенција на полициските службеници на СВР Тетово тие биле спречени во намерата, но продолжиле да се однесуваат агресивно, по што натпреварот е прекинат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за санкционирање на инволвираните.