40.000 земјоделци ќе добијат аванс, спортската сала „Работнички“ ќе се реконструира

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сите 40.000 земјоделци кои се стекнале со право за субвенции, ќе добијат авансна исплата на 30 проценти од субвенциите, во текот на следната недела. Вака одлучи Владата на денешната 213-та седница.  Ваквата исплата ќе биде авансно извршена за прв пат досега. Исто така рокот за пријавување за дополнителните 70 отсто субвенции е продолжен пет дена, односно до 30 декември, а сумата ќе зависи од тоа колкава количина производство ќе пријават земјоделците.

Исто така, Владата одлучи авасна исплата од 30 проценти да добијат и лозарите со што навремено ќе бидат поддржани лозовите насади. Ова е нов модел на субвенционирање кој беше усвоен.

Земјоделците можат да аплицираат во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Владата исто така денеска одлучи да одвои 30 милиони денари за реконструкција на спортската сала „Работнички“-Градски Парк во Скопје со што ја задолжи Агенцијата за млади и спорт средствата да ги префрли на посебна наменска сметка на Општина Центар.

„Станува збор за 30.000.000 денари, што согласно владината одлука, се наменети за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар, во Скопје. Задолжена е Агенцијата за млади и спорт, средствата да ги префрли на посебна наменска сметка на Општина Центар“, се наведува во соопштението.

Share This Article