Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 37-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 37-та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 30.09.2024 година (понеделник) , со почеток во 9.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот: Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 36-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишен план за вработување
- Предлог – Годишна Програма за изменување и дополнување на годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишен план за вработување на ЈПКД „Дебрца“
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од индивидуални корисници – домаќинства и правни лица
- Предлог – Одлука за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – с.Белчишта
- Предлог – Одлука за усвојување на Интегриран локален развоен план на општина Дебрца 2024-2027
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседавач,
Крсте Јорданоски