32 години од снимањето на филмот „Сам дома“: Еве како изгледаат главните ликови денес

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поминаа 32 години од снимањето на популарниот филм „Сам во куќата“. Филмот кој ја воодушеви и помладата и повозрасната публика се гледа повеќе од три децении, а по неговото снимање никој не ни сонуваше дека оваа комедија ќе стане асоцијација со Божиќ и празници.

Меколи Калкин почнал да глуми кога имал само четири години. Неговиот живот подоцна бил многу турбулентен, а поради популарноста што ја стекнал во детството, подоцна имал проблеми со пороците, пишува Нова.рс.

Џо Пеши и Даниел Стерн се прославија глумејќи не толку светли крадци во популарниот филм.

Иако Хари и Марв ги паметиме како млади ликови, денес и двајцата се постари и изгледаат многу поинаку отколку пред 32 години, кога беше објавен првиот дел од овој филм.

Џо Пеши го глумеше Хари кој направи познато дуо со Марв, а денес има 79 години. По богатата актерска кариера се пензионира во 1999 година и оттогаш само повремено се појавува во филмови.

Даниел Стерн денес има 65 години. Покрај глумата, пишува и сценарија и режира, а една од последните улоги му е во серијата „Шрил“.

Share This Article