Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.720 тестови во Македонија, регистрирани се 319 нови случаи на ковид-19, а од вкупниот број на позитивни регистрирани се 59 реинфекции.
Регистрирани сe 258 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа едно лице починало како последица од ковид. Се работи за 66 годишен скопјанец кој починал во болнички услови. Кај починатото лице е регистриран коморбидитет.
Досега во земјата се направени вкупно 1.944.313 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.047, а бројот на починати е 9.188.