30 отсто од струјата која ја произведуваат хидроелектраните на ЕСМ ја трошат 17 домаќинства во земјава

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Речиси третина, односно 30 отсто од струјата која ја произведуваат хидроелектраните на ЕСМ ја трошат 17 домаќинства во земјава, за кои малку се знае, освен дека, според досегашните информации, плаќале редовно, пишува TВ24. За споредба, тие трошат 10 отсто од целата потрошена струја на домаќинствата во Македонија, односно околу 28 милиони киловат-часови месечно.
ТВ24 побарале изјава за големите загуби на струја од повеќе државни институции, но одговор добиле само од ЕВН. Според ЕВН едни од најголемите причинители за загубите е копањето криптовалути, како и кражбите од малите комерцијални објекти со голема потрошувачка, но дека немаат информација колкави се загубите. Од ЕВН за ТВ24 велат надлежни се за делот на мрежата само до броилото.

Копањето криптовалути во Македонија вчера го актуелизираше лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, во гостување на ТВ21, каде обвини дека во училишта раководени од ДУИ се вршат вакви криминални дејности.

Share This Article