30-годишно момче е тешко повредено откако паднало од електричен тротинет во Скопје.
На 14 јули 2024 година, во 15.00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Св. Климент Охридски во Скопје 30-годишниот Б. Ј. од Скопје, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Возачот во несреќата се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.