30-годишниот Иван кој беше спасен од морето на Халкидики, по 17часовна борба со брановите, беше отпуштен од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше хоспитализиран од неделата напладне, јавува грчки Protothema.
Лекарите велат дека тој е во одлична состојба и дека може да патува, односно да си оди дома со членовите на семејство.
Според информациите на protothema.gr, неколку часа пред лекарите да го пуштат, Иван бил лекуван поради тешка дехидрација.
– Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои учествуваа во моето спасување. Посебна благодарност до хеликоптерските екипажи и луѓето на чамците кои ме презедоа – им рече 30-годишниот Иван на новинарите додека ја напушташе болницата Папаниколау.