30 дена притвор за кочанчанецот кој на свиреп начин уби жена

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Судија на претходна постапка му одредил 30 дневен притвор на 59-годишниот У.Р., кој вчера рано изутрина во Кочани на свиреп начин уби жена пред нејзината семејна куќа. Тој на 46-годишната Т.М. ѝ нанел повеќе од 40 убоди со нож.

Основното јавно обвинителство Кочани донело Наредба за спроведување истражна постапка против за кривично дело убиство.

„Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и ѝ задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место“, се вели во соопштението на обвинителството.

Претходно, во јули годинава, жената го пријавила осомничениот за уцена. Тој, според првичните информации, ја уценувал жената дека ќе објави компромитирачки материјали за неа, доколку не земе кредит во негово име.

Share This Article