Околу 89.000 работници надвор од Европската Унија добиле „сина карта“, односно дозвола за работа и престој за висококвалификувани експерти надвор од ЕУ во 2023 година

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Околу 89.000 работници надвор од Европската Унија добиле „сина карта“, односно дозвола за работа и престој за висококвалификувани експерти надвор од ЕУ во 2023 година, покажуваат податоците на Евростат.

Поголемиот дел од овие дозволи ги издала Германија – дури 69.000, што е 78% од вкупниот број. По неа следува Полска со 7.000 или 8%, и Франција со 4.000 или 4%.

Индиските граѓани добиле најмногу сини карти – 21.000 или речиси една четвртина од вкупниот број (24%), по нив се руските граѓани со 9.000 или 11%. Од  Турција има 6.000, а од Белорусија  5.000 дозволи.

Во 2023 година, членките на ЕУ издадоа вкупно 10.800 дозволи за трансфери во рамките на компанијата, што им овозможува на граѓаните кои не се членки на ЕУ да бидат префрлени од компанија што работи надвор од Унијата во филијала во една од земјите-членки.

Најголем број вакви дозволи се издадени во Холандија (2.700 или 25%), Германија и Унгарија (1.900 или по 18%), Франција (1.500 или 14%) и Шпанија (1.100 или 10%).

Поголемиот дел од овие дозволи ги добиле граѓани на Индија (3.900 или 36%), Кина (1.600 или 14 %) и Јужна Кореја (1.300 или 12%).

Германија исто така е прва по „увоз“ на работници без посебни квалификации.

„На Германија ѝ се потребни работници – најмалку 400.000 годишно. Тоа го велат експертите. Една од можностите овие луѓе да дојдат во Германија е таканареченото „правило за Западен Балкан“. Но, под новата влада на чело со Фридрих Мерц, тоа правило би можело значително да се ограничи“, пишува „Тагескајтунг“.

Според весникот, врз основа на таа посебна регулатива за Западен Балкан, луѓето од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија можат да дојдат во Германија да работат без никакви проблеми. За тоа не им е потребно стручно образование или други квалификации, доволно е да имаат понуда за работа и одобрение од Федералната агенција за труд и вработување. Правилото беше воведено во 2015 година, со цел да се намали бројот на често залудни барања за азил од тие земји и да им се овозможи на луѓето редовен пристап до пазарот на трудот.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, оттогаш бројот на барања за азил од земјите од Западен Балкан значително се намали. Луѓето од овие области најчесто работат во ресторани и хотели, во градежништвото и во здравството.

На крајот од 2023 година, околу 76.000 граѓани на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија имале работни дозволи во Германија, според веб-страницата „Јоббатикал“, која се занимава со имиграциски теми.

На 1 јануари 2024 година, под водство на Олаф Шолц, Германија ја зголеми квотата за доделување работни визи од 25.000 на 50.000 годишно. Како  ќе се однесува владата на Фридрих  Мерц допрва ќе се види.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article