Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 25-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 25–та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 31.10.2023 година (вторник, со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца).
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 24-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Мислење по Програмата за реализација на тридневна научна ескурзија – IX одделение ОУ „Дебрца“ Белчишта во учебната 2023/2024 година
- Предлог – Мислење по Програмата за дводневна научна ескурзија – „VI одделение ОУ „Дебрца“ с.Белчишта за учебната 2023/2024 година
- Предлог – Мислење по Програмата за реализација на еднодневна ескурзија за учениците од III одделение ООУ „Дебрца“ с.Белчишта во учебната 2023/2024 година
- Предлог – Мислење по Програмата за реализација на есенски и пролетен излет на учениците од I до IX одделение ОУ „Дебрца“ Белчишта во учебната 2023/2024 година
- Предлог – Мислење по Програмата за настава во природа за учениците од V одделение ОУ „Дебрца“ с.Белчишта во учебната 2023/2024 година
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски