Последната жртва на сообраќајни несреќи со фатали последици е Мусли Весели. Повредите што 25-годишното момче ги здоби на крстосницата на булеварите Босна и Херцеговина и улицата Словенечка со Македонско-косовска бригада беа кобни по неговиот живот. Нив им подлегна во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Зад себе остави сопруга со едномесечно бебе.
Безбедносните камери на крстосницата ја снимија стравичната случка. На неа се гледа како Весели стои на островот на крстосницата и чека зелено за да мине по пешачкиот премин, кога пред него во еден момент се судираат два мерцедеса – едниот со италијански регистарски таблички управуван од А.С. (41), другиот со скопски зад чиј волан бил С.О. (39). По судирот, „скопското“ возило го „покосува“ Весели.
Двајцата возачи и сопатникот во скопскиот мерцедес се здобиле со тешки телесни повреди кои се констатирани во ГОБ „8 Септември”, односно комплексот клиники „Мајка Тереза”.
Обвинителството веќе работи на утврдување на причините за страотната несреќа која се случи синоќа пред полноќ тука на оваа раскрсница. Од таму во првичното соопштение кое го испратија до медиумите. Велат дека е веќе е извршен увид на лице место, прибрни се траги, како и обезбедени се снимките од видео надзорот.
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот, а воедно и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила..
– Да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи затоа што секое непочитување може да доведе до вакви последици за жал еве сведоци сме кога имаме изгубено живот затоа што некој не се однесувал одоговнро и не ги почитувал правилата – изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.