Цените на нафтата би можеле да пораснат до 100 долари за барел поради разгорувањето на конфликтите на Блискиот Исток, предвидува енергетскиот аналитичар на МТС Марки, Саул Кавоник.
Според него, Иран сега е директно вклучен во конфликтот, кој обезбедува 4% од глобалното снабдување со нафта.
-Напад врз Иран или построги санкции против оваа земја би можеле значително да ги подигнат светските цени на енергијата – вели Кавоник.
Израел размислува за одговор на ракетните напади на Техеран и би можел да возврати со напади врз нафтената инфраструктура на Иран.
Според податоците на берзите, цената на суровата нафтата утрово се искачи на 71.404 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 75.024 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 40.250 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2653,07 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 6,0319 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,10694, што е приближно исто како во вторникот.
Европските берзански индекси денеска се во пораст, а американските во минус.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска порасна на 19.218,35 поени, британскиот FTSE 100 на 8.305,69 поени, францускиот CAC 40 на 7.592,09 поени, а московскиот MOEX на 2.829,22 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 42.156,97 поени, индексот S&P 500 на 5.708,75 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.910,36 поени.