More

    Македонското таеквондо нѐ прави горди на меѓународните турнири

    spot_img

    Таеквондо клубот Феникс продолжи да го крева престижот на македонскиот спорт. На меѓународниот турнир Албанија Опен Е2, клубските претставници Лука Ангелов и Давид Цеков остварија одличен резултат.

    Лука Ангелов во категоријата до 68 килограми стигна до финалето каде за малку му избегна златниот медал. Со ова освоено сребро, тој собра важни бодови за светската ранг листа. Давид Цеков исто така се бореше одлично, но застана во второто коло откако се сретна со својот клубски другар Лука.

    Овој успех е голема потврда за квалитетната работа во клубот и во Македонската таеквондо федерација. Со оваа победа, Феникс ја потврди својата позиција како еден од водечките таеквондо клубови во земјата.

    Следниот викенд, нашите таеквондисти ќе имаат нов предизвик на турнирот Подгорица Опен. Очекуваме дека ќе продолжат со добрите резултати и ќе ги збогатат клупските витрини со нови медали.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img