Еден повреден е биланост од синоќешното пукање во селото Арачиново. Повредениот кој е на возраст од 24 години е пренесен на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Од Министерството за внатрешни работи не соопштија повеќе детали и информираа дека работат на расчистување на случајот
„На (28.08.2024) околу 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново било пукано кон А.И. (24) од с.Арачиново, кој се здобил со повреди и е пренесен во комплекс клиники ’Мајка Тереза’ за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во информацијата од МВР.