More

    225 милиони евра за инфраструктура и за енергетика

    spot_img

    Министерството за финансии попладнево информираше дека земјата добила грант во висина од 225,6 милиони евра од Европската комисија за поддршка на инфраструктурни и енергетски проекти. Грантот е одобрен во рамки на инвестицискиот пакет на Европската унија од 3,2 милијарди евра за Западен Балкан.

    Конкретно, поддршката се однесува за кофинансирање на проектот за рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридорот 8 – трета делница (Крива Паланка – Деве Баир, граница кон Р. Бугарија), за пречистителна станица за отпадни води во Скопје, за фотонапонска електрана Осломеј, како и за проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици.

    „Инвестициските грантови се одобрени во рамки на инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан – ВБИФ,  а со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ), за што РС Македонија имаше поднесено апликации“, велат од Министерството за финансии.

    Министерот за финансии Фатмир Бесими на средбата што во Брисел ја имал со еврокомесарите истакнал дека станува збор за големи инфраструктурни проекти што имаат силна додадена вредност и се од големо значење за заздравување на економијата и за обезбедување енергетска стабилност.

    „Изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор VIII делница, Крива Паланка -Деве Баир, во должина од 23,4 км е од големо стратешко значење за државата. Вкупната инвестициска вредност на проектот изнесува 412,3 милиони евра за што преку ВБИФ инструментот се обезбедуваат 149,2 милиони евра. Со изградба на пречистителната станица за отпадни води Скопје трајно ќе се реши третманот на отпадните води од градот Скопје, со што ќе се намали загадувањето на реката Вардар и ќе се подигнат стандардите за заштита на животната средина. Вкупната инвестициска вредност на проектот изнесува 136,7 милиони евра, при што од ВБИФ инструментот ќе се обезбедат грант средства во износ од 69,8 милиони евра“, посочуваат од Министерството за финансии.

    Во делот на зелената агенда и преминот од електрична кон соларна енергија, како што наведува Министерството, од големо значење ќе биде реализацијата на фотонапонската електрана Осломеј и проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици. Изградбата на фотонапонската централа Осломеј ќе чини 8,8 милиони евра и ќе ја финансира АД ЕСМ – Скопје со заем од ЕБОР без државна гаранција, во износ од 5,9 милиони евра,  ВБИФ инвестициски грант кој беше одобрен денеска во износ од 1,6 милиони евра и сопствени средства на АД ЕСМ во износ од 1,3 милиони евра.

    „За проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици со денешната одлука преку  ВБИФ инвестициски грант се обезбедуваат средства во износ од 5 милиони евра. Проектот опфаќа изградба на ФЕ Осломеј 2 со инсталирана моќност од 10 MW и ФЕ Битола со инсталирана моќност од 20 MW. Вкупната инвестициска вредност на проектот изнесува 25,5 милиони евра и истиот го финансира АД ЕСМ – Скопје со заем од ЕБОР во износ од 19,8 милиони евра, обезбеден со државна гаранција, ВБИФ инвестициски грант во износ од 5 милиони евра и сопствени средства на АД ЕСМ во износ од 0,7 милиони евра“, се појаснува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img