Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 22-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 22-та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 31.07.2023 година (понеделник)
, со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот: Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 21-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Дебрца во рамки на Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП)
- Предлог – Решение за дополнување на Решението за избор на претседател и членови на Комисијата за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди и други несреќи во општина Дебрца
- Предлог – Одлука за прифаќање на предлогот и утврдување предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општина Струга
- Предлог – Решение за именување членови на заедничка комисија за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општина Струга
- Предлог – Одлука за предавање во сосптвеност на движна ствар – патничко моторно возило , марка Шкода Фелициа на ЈКП „Дебрца“
- Предлог – Одлука за доделување субвенција на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишен план за вработување на ООУ „Дебрца“ с.Белчишта
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски