More

    По врнежите од дожд изминатите денови, во поширокиот дебарски регион паѓа снег, кој на повисоките населени места достигна повеќе сантиметри

    spot_img

    По врнежите од дожд изминатите денови, во поширокиот дебарски регион паѓа снег, кој на повисоките населени места достигна повеќе сантиметри.

    Освен убавината што со себе ја носи, засега, снегот не создава проблем во нормалното одвивање на патниот сообраќај. Сепак, се препорачува внимателно возење поради влажните коловози.

    – Сообраќајот се одвива непречено но по влажни коловози, на кои не се задржува снег. Нашите екипи се подготвени доколку има потреба да интервенираат. Имаме доволно абразивен материјал, сол и песок и нема никаков проблем. Сепак,  поради влажниот коловоз, препорачуваме внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација – изјави за МИА, Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.

    Под надлежност на дебарската секција се делницата Дебар-Жировница, на патот кон Маврово, Дебар-Глобочица, кон Струга, патот Мелнички Мост-Центар Жупа, кракот од Бошков мост кон селата од Мала Река, како и патот кон граничниот премин „Блато” или во должина од околу 120 километри.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img