Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 20-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 20-та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 30.05.2023 година (вторник), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 19-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџет на ЕЛС Дебрца за 2023 година
- Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2023 до 31.03.2023 година
- Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Дебрца за 2023 година
- Предлог – Годишна Програма за изменување и дополнување на годишната програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги во општина Дебрца за 2023 година
- Предлог – Годишната програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2023 година
- Предлог – Правилник за изменување на Правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување еднократна парична помош од Буџетот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – с.Белчишта
- Предлог – Решение за разрешување член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом – Охрид
- Предлог – Решение за именување член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом – Охрид
- Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Дебрца за 2023 година
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски