More

    20 лица загинаа во израелски напад врз бегалски камп и поранешно училиште во Газа

    spot_img

    Во Газа, Израел нападна поранешна училишна зграда и две куќи во бегалскиот камп Нусејрат. Загинаа 20 лица. Во меѓувреме, Хамас тврди дека убил и ранил неколку израелски војници во близина на Хан Јунис.

    Израелската армија удри во поранешна училишна зграда во областа Туфа во градот Газа, која во моментов служи како засолниште за раселените Палестинци. Според податоците на цивилната заштита, во нападот загинале најмалку седум лица, пренесува германската новинска агенција dpa.

    Израелската армија тврди дека го бомбардирала командниот центар на палестинското исламистичко движење Хамас во градот Газа, а борците на движењето од таму планирале и извршиле терористички напади против израелските војници.

    Цел на нападите биле и две куќи во бегалскиот камп Нусејрат, каде што загинале најмалку 13 лица, јави катарската телевизија Ал Џезира.

    Во меѓувреме, Хамас тврди дека убил и ранил неколку израелски војници во близина на Хан Јунис.

    Според Министерството за здравство, во палестинската енклава досега се убиени најмалку 41.615 луѓе во израелската офанзива врз Газа, која уследи по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, а околу 96.359 се повредени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img