Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 894 тестови, а регистрирани се 193 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 109, Битола – 17, Куманово – 15, Кавадарци – 11, Велес – 7, Гостивар и Штип – по 6, Кичево – 5, Прилеп – 4, Тетово, Струмица и Радовиш – по 3, Кочани, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (193), регистрирани се 49 реинфекции.
Регистрирани сe 97 оздравени пациенти од: Скопје – 62, Битола – 5, Тетово, Струмица, Кочани и Охрид – по 4, Кавадарци и Неготино – по 3, Велес и Штип – по 2, Гостивар, Прилеп, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (85г) и Берово (76г), починати на ден 13.06.2022 и 20.06.2022, едното лице е починато во болнички услови, а другото во домашни услови.
Направени се 894 тестови преку: ИЈЗ-125, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-33, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–64, Жан Митрев (Филип Втори)-23, Авицена-19, Биотек-22, Систина-19 лабораторија Лаор-8, Синлаб-5, Ремедика-5, Плодност-2, Генеа-3, Никоб Лаб-44, ВФВ Медикал-3, Ели МедикаПлус-2, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 412.
Досега во земјата се направени вкупно 2.082.690 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.211, бројот на оздравени пациенти е 303.989, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 895.