Во големата полициска акција која од рано изутринава се спроведува на територија на Општина Струга, специјалната полициска единица „Тигар“, по претходно издадени налози од ЈО за гонење на организиран криминал, изврши претреси на 23 локации во Струга.
Како што дознава Охридскај, до овој момент упасени се 19 лица, а 3 лица се во бегство. Исто така дознаваме дека е запленета голема количина на наркотични дроги, како и други предмети кој потекнувале од кривични дела. Сите лица се спроведени во Скопје, каде ќе бидат изведени пред надлежен судија, а според нашите сознанија обвинителството за сите лица бара мерка Притвор.