Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 134 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за возење под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.