Две лица загинаа, а еден е ранет во вооружен инцидент што се случи за време на вежба на воен полигон во централна Јапонија, кога 18-годишен регрут пукал во своите колеги.
Локалната полиција соопшти дека напаѓачот кој е уапсен, „пукал со пиштол со намера да убие“.
– За време на вежба со боева муниција како дел од обуката, еден од регрутите застрела три лицан- се вели во соопштението на јапонската војска.
Националната телевизија NHK објави дека застрелани се маж на возраст од педесет и други двајца мажи на возраст од дваесет години.
Воздушните снимки емитувани од станицата покажуваат дека војската и цивилите се раздвижени околу возилото за Брза помош и дека полицијата ги блокира околните патишта.