Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за непрописно престројување.
Изречени се три мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.