17 исчезнати и 77 повредени во голем пожар во складиште за нафта во Куба

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Седумнаесет лица се водат за исчезнати, а 77 се повредени во големиот пожар што избувна во складиште за нафта кога го удри гром во западна Куба, која во саботата упати повик за меѓународна помош.

Седумнаесет исчезнати се „пожарникари кои биле во областа најблиску до пожарот“ кога се случила експлозијата, соопшти кабинетот на кубанскиот претседател, „барајќи помош и совет од пријателските земји кои имаат искуство во нафтениот сектор“.

Претседателот Мигел Дијаз-Канел на Твитер рече дека гаснењето на пожарот „може да потрае некое време“.

Тројца од повредените се во критична состојба, тројца се во многу тешка состојба, а 12 се здобиле со тешки повреди, пишува официјалниот весник Гранма.

Пожарот избувнал во петокот вечерта кога гром удрил во еден од резервоарите за складирање нафта на периферијата на Мантазас, град со 140.000 жители, на околу сто километри источно од Хавана. Пожарот потоа се проширил на друга цистерна.

Според Гранма, „системот за заштита од гром не можел да го апсорбира силното електрично празнење“.

Марио Сабинес Лоренцо, гувернерот на Матанцас, изјави дека околу 800 луѓе се евакуирани.

Асбел Леал, директор на Кубанската нафтена унија (КУПЕТ), рече дека во моментот на несреќата, првиот резервоар содржел „околу 26.000 кубни метри домашна сурова нафта, или околу половина од нејзиниот капацитет“. Во вториот резервоар имало 52.000 кубни метри мазут.

Според него, никогаш немало пожар „од вакви размери“ на Куба.

- Advertisement -
Ad image

Од овој магацин се снабдува електраната Антонио Гитерас, најголемата во Куба, но нејзиното напојување не е прекинато, додава Гранма.

Пожарот се јавува во време кога островот има потешкотии во снабдувањето на островот од мај поради зголемената потрошувачка на електрична енергија поради летните горештини.

Надлежните воведоа рестрикции за струја кои траат по 12 часа во некои делови, поради што жителите се гневни и досега организираа дваесетина протести.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article