Во текот на вчерашниот ден (20.12.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 159 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.