156 санкционирани возачи во Скопје: 15 за минување на црвено

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Изречени се четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Share This Article