Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, седум санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, две санкции за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.