15-годишно момче е убиено на фудбалски терен во Парагвај при тепачка кога противнички играч го удрил со нога во глава.
Исмаел Домингез го одигра првиот натпревар за Клуб Национал во сојузната лига до 15 години, а тепачката се случи на крајот на натпреварот.
Според тренерот на Национал, Леонардо Вито, Домингез бил нападнат од зад грб.
Додека беше со мене, некој го удри со копачка во задниот дел од главата“, изјави Леонардо Вито.
Видеото од 17 септември го прикажува последното испраќање на момчето.
Тренерот додаде дека додека момчето лежело неподвижно на земја, добило уште два-три удари.
Неутешниот татко на починатото момче Исидоро истакна дека „Исмаел бил најдобриот ученик и дека сонувал еден ден да го облече дресот на Пари Сен Жермен“.