Од МТСП тврдат дека во изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за труд и социјална политика ги демантира и отфрла тврдењата дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и државата доцни со исплатите кон банките.

Од МТСП тврдат дека во изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив. Тие исто така тврдат и дека трансферите кон ПИОМ биле навремени и сигурни, дури и во време на ковид пандемијата, кога започна првата предвремена исплата на пензиите.

– Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на  новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21%. Првото усогласување  во септември 2022 година беше 6,8%, второто во март 2023 година, 8,4 % и моменталната проекција за септември 2023 година која изнесува најмалку 6% – велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека ниту едно од зголемувањата не ја загрози стабилноста на Фондот, ниту ја поремети редовната исплата на пензиите, што според МТСП, е јасен показател за посветеноста кон граѓаните и стратешкиот избор на донесени политики како и долгорочното планирање кое обезбедува стабилност на Пензискиот Фонд, но и за сигурност на пензионерите.

– Пензионерите се приоритет на Владата Во овој владин состав се донесоа низа мерки за помош и поддршка на пензионерите, и трендот не сопира. Предлозите од пензионерите се на маса, се дискутира за истите и во најскоро време ќе продолжиме со промоција на нови мерки и пакети кои ќе осигурат достоинствен живот на пензионерите и понатаму – велат во соопштението од  МТСП.

Министерството за труд и социјална политика апелира да не се креира страв кај пензионерите и да не се манипулира со недостатокот на информации кои го имаат, а се со цел да се обезбеди масовност на протестите кои се политички обоени.

Share This Article