По синоќешниот напад на Израел врз Либан во кој беа уништени 100 ракетни фрлачи за кои Израел вели дека биле на готовс за напад, милитантната група Хезболах возврати со 140 руски ракети „Катјуша“ кои паднаа во северен Израел.
Нападот на Хезболах врз Израел доаѓа само еден ден откако водачот на милитантната група, Хасан Насрала, најави одмазда за серијата експлозии во Либан во последните три дена.
Израелската војска соопшти дека ракетите паднале во три бранови во петокот попладне насочени кон локации долж разурнатата граница со Либан.
Хезболах рече дека руските проектили „Катјуша“ целеле неколку локации долж границата, вклучително и повеќе бази за противвоздушна одбрана, како и штабот на израелската оклопна бригада, која била прва погодена.
Хезболах, исто така, рече дека ракетите биле одмазда за израелските напади врз селата и домовите во јужен Либан. Хезболах и Израел разменуваа оган речиси секојдневно од 8 октомври, еден ден по првиот пожар во војната меѓу Израел и милитантната група Хамас во Газа, но ракетниот бараж во петокот беше посилен од вообичаеното, пишува Асошиејтед Прес.
Во четвртокот, Насрала вети дека ќе продолжи со секојдневните напади врз Израел и покрај овонеделната смртоносна саботажа на комуникациските уреди на неговите членови, што тој го опиша како „тежок удар“. Во четвртокот во Либан експлодираа пејџери и токи-воки уреди во кои загинаа десетици лица, а беа повредени илјадници.
Израел негираше одговорност за координираните напади.
Секојдневните престрелки меѓу Израел и Либан можат да прераснат во сеопфатна војна.