14 сириски полицајци убиени во Тартус, полициски час во Хомс

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Четиринаесет припадници на сириската полиција се убиени за време на судирите со силите лојални на поранешниот претседател Башар ал Асад во провинцијата Тартус, соопшти денеска преодната администрација.

Новиот сириски министер за внатрешни работи на Телеграм објави дека и 10 полицајци биле ранети од, како што ги нарече, „остатоци“ од владата на Асад во Тартус. Тој додаде дека ќе се справи со секој кој ќе се осмели да ја поткопа безбедноста на Сирија или да ги загрози животите на нејзините граѓани.

Сириската полиција воведе полициски час во текот на ноќта во градот Хомс, објавија државните медиуми, по немирите поврзани со протестите што жителите им ги припишуваат на припадниците на малцинските верски заедници, алавитите и шиитите.

Некои жители ги поврзуваат демонстрациите со притисок и насилство насочено во последните денови против припадниците на алавитското малцинство, верска група која се смета за лојална на поранешниот претседател Башар ал Асад, кој беше соборен од сунитските исламистички бунтовници на 8 декември.

Помали демонстрации беа одржани и во други области во близина на сирискиот брег, каде што живее најголемиот дел од алавитското малцинство во земјата, вклучувајќи го и градот Тартус. Демонстрациите се одржаа околу времето кога на социјалните мрежи почнаа да кружат видео снимки од пожар во храм на алавити во градот Алепо, при што вооружени мажи влегуваа и позираа во близина на човечки тела.

Министерството за внатрешни работи на својот официјален профил на Телеграм објави дека видеото е од бунтовничката офанзива на Алепо кон крајот на ноември, а насилството го извршиле непознати групи. Исто така, објави дека некои членови на поранешниот режим ги нападнале силите на министерството за внатрешни работи во крајбрежниот регион на Сирија во средата, и дека нападот резултирал со неколку жртви и повредени.

Share This Article