More

    КФОР за изјавата на британскиот пратеник: Нема докази за шверц на оружје преку СПЦ

    spot_img

    Мисијата на НАТО на Косово (Кфор) објави дека „нема докази за шверц на оружје од Србија во Косово“, ниту дека за нивно складирање се користат православни цркви.

    Одговорот на Кфор уследи по изјавите на претседателката на Комисијата за надворешна политика во британскиот парламент, Алиша Кернс, која рече дека се шверцува оружје од Србија во Косово, во амбулантни возила и се истоварува во православните цркви, пишува Газета онлајн.

    КФОР денеска соопшти дека настанот што го спомена британската пратеничка Алиша Кернс се однесува на 2022 година, кога баталјонот на кралските фузилиери беше ангажиран на северот на Косово за поддршка на мисијата КФОР.

    „Наводното нелегално присуство на оружје е пријавено во штабот на КФОР, но по дополнителните истраги за да се добие потврда, не се пронајдени докази за она што е пријавено“, се наведува во соопштението.

    Кфор додава дека безбедносните институции на Косово се одговорни за владеењето на правото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img