Background

130.000 тони мазут може да се излеат во Финскиот Залив

Властите во Финска соопштија дека се подготвуваат за потенцијално излевање на нафта во Финскиот залив, откако руските власти пријавија експлозија на танкер во северозападниот дел на Ленинград. Танкерот „Коала“ беше натоварен со 130.000 тони мазут што веднаш предизвика загриженост за еколошки инцидент во Финскиот залив, пишува МоскваТајмс.

„Внимателно ги следиме вестите за оштетениот нафтен танкер во пристаништето Лаукаансуу“, напиша финскиот премиер Петри Орпо на социјалните мрежи во неделата, користејќи го финското име на руското пристаниште Уст-Луга на Финскиот залив.

Taнкерот „Коала“ е дел од таканеречената „црна флота“ на пловила со кои Москва ги заобиколува американските санкции за руската нафта.

- Advertisement -
Ad image

Според руската Федерална агенција за морски и внатрешен воден транспорт (Росморехфлот) во неделата наутро, експлозијата се случила во моторниот простор на танкерот за нафта Коала во пристаништето Уст-Луга, западно од Санкт Петербург.

Екипажот го евакуираше бродот, кој е изграден во 2003 година и плови под знамето на Антигва и Барбуда, соопшти Росморрекфлот.

Финската крајбрежна стража на Заливот соопшти дека испратила истрага до властите во Русија, но не добила одговор до недела попладне, според финскиот јавен радиодифузен сервис „Yle“.

– Вообичаено, добиваме одговори на таквите прашања – рече теренскиот командант Томи Валтари.

Руската Федерална агенција за поморски и речен транспорт „Росморефлот“ соопшти дека нема жртви на танкерот, но дека екипажот бил принуден да се евакуира. Наведено е дека експлозијата не предизвикала „никакво излевање на товар или истекување на нафтени деривати“.

За разлика од каналите на Ваза и Фонтанка СПБ на Телеграм, оваа агенција тврди дека нема ризик од потонување на танкерот, но претставници на руското Министерство за вонредни состојби поставиле пловечки бариери околу бродот како мерка на претпазливост за да се спречи ширење на мазут доколку бродот потоне.

Украинските безбедносни служби минатиот месец тврдеа дека Киев со дронови нападнал нафтен терминал во истото пристаниште, наведувајќи дека „преку него Русија продава нафта и гас со помош на „флота во сенка“.

Не е првпат властите во балтичките држави да бидат загрижени за руски танкери од таканаречената „црна флота“. Овие танкери го исклучуваат или манипулираат со својот систем за автоматска идентификација (АИС) за да ги сокријат нивните движења, што го отежнува следењето на пратките на нафта.

Тие често „исчезнуваат“ од системите за следење во близина на клучните преносни центри како Медитеранот, Индискиот Океан или крај кинескиот брег.

Руската сурова нафта често се пренесува меѓу танкери на море мешана со друга нафта за да се  прикрие нејзиното потекло. Бродовите се регистрираат под „знамиња на погодност“ кои имаат слаба примена.

Потоа, руската нафта е повторно означена дека потекнува од неутрални или пријателски нации како Индија, Кина или ОАЕ.

Многу од танкерите се постари од 15 години и се во сопственост на компании со седишта регистрирани на места како Дубаи, Хонг Конг или дури и Иран.

Се смета дека Русија има флота од неколку стотици вакви бродови.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation