Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 1.209 тестови, регистрирани се 124 нови случаи на ковид-19, додека 7 лица го загубија животот.
Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции, а 543 наши сограѓани во меѓувреме оздравеле.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: две починати лица од Скопје на возраст од 36 и 74 години и по едно починато лице од Тетово (60), Битола (67), Прилеп (70) , Кочани (70) и Пробиштип (67).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови, а од министерството потврдија дека кај сите нив се регистрирани коморбидитети.