More

    11-месечно бебе наместо да се адаптира во градинка, се здобило со скршеница на десното рамо

    spot_img

    11-месечно бебе наместо да се адаптира во градинка, се здобило со скршеница на десното рамо, обвинуваат родителите.

    Немилиот настан се случил во градинка во Шуто Оризари, тврди таткото Имер Салиу.

    Тој со рентген снимки во раце излезе јавно да ја докажува повредата на неговото чедо и да го искаже револтот за тоа што ѝ се случило на 11-месечната ќеркичка.

    Салиу вината ја бара во негувателките кои биле одговорни за децата и бара одговорност од раководството на градинката и од Општина Шуто Оризари, пренесува ТВ АЛФА.

    – Бебе од 11 месеци не може само да си ја скрши коската. Бебе од 11 месеци не може да зборува и да оди. Тоа бебе било под надзор на негувателките коишто во моментот на настанатата повреда, дали се тие фактор на повредата, дали тие ја предизвикале, дали тие не внимавале на неа дека се случило, ова не знаеме. Не добивме конкретен одговор за ова. Како родител барам одговороност од сите институции, особено од општината Шуто Оризари којашто ги вработува негувателките – вели таткото на бебето, Имер Салиу.

    Салиу е гневен од односот на вработените во градинката поради тоа што не добил никакви информации дека неговата ќерка има сршеница. Тој вели дека ќе направи сѐ за да ја дознае вистината.

    – Откако ја зедовме немаше видни траги на неа, прашавме зошто е повредена и ми рекоа дека сама се повредила, била нервозна од забите. А за тоа што се случило со рамото не добивме конкретен одговор. Се надевам ќе добиеме одговор што и како се случило, бидејќи секој родител би сакал да го знае тоа – вели Салиу.

    Случајот е пријавен и во полиција.

    „Вчера во 19.50 часот во СВР Скопје, И.С.(28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’. Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 08.00 часот и, бидејќи е во период на адаптација, ја земала во 10.00 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, детето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.

    Ова не е прв случај на пријава за повредено дете во градинка. Минатата година десетмесечно бебе во гевгелиската градинка „Цветови“, се здоби со полесни повреди откако за тоа пријавија родителите, а не градинката, потсети Алфа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img